петок, 2 февруари 2007

SKRIENITE BOGATSTVA NA MAKEDONIJA

ЗДРАВО НА СИТЕ КОИ ЌЕ ГО ПОСЕТАТ НАШИОТ БЛОГ

3 коментари:

makedonec рече...

zdravvo na site.blagodarenie na vasiot blog ne samo jas nego mnogu drugi koi se vo stranstvo ke mozat da vidat kolku makedonija e vredna.a najmnogu ke mozat da gi vidat i bescenetite ubavini na prirodata i makedonskata raka koja gi napravila tolkuprekrasni.

Andrej рече...

zdravo zdravo!
se nadevam deka ovie prekrasni besceneti ubavini ke gi istaknete i nadvor od nasata zemja bideki so zadovolstvo tvrdam deka imame so sto da se gordeeme,i deka treba na svetot da mu pokazeme kako e da si makedonec.

Unknown рече...

Vi cestitam na preubavo izrabotenata stranica.Posebno dobra sodrzina,mnogu dobar izgled se karakteristikite na stranicata.Ste vlozile dosta trud,golema sorabotka i mnogu istrazuvanja.Samo taka prodlzete,
pozdrav Sonja Stoleska

МОЈАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА

МОЈАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА

СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

СТРУШКИТЕ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

За Струшките вечери на поезијата

Струшките вечери на поезијата се започнати во 1962 година, со серија читања на група македонски поети во чест на браќата Константин и Димитар Миладинов, големи интелектуалци, учители и писатели, родени во Струга во почетокот на XIX век. Константин Миладинов се смета за зачетник на модерната македонска поезија и секоја година фестивалот официјално започнува со неговата незаборавна поема „Т'га за југ“, напишана за време на неговиот студентски престој во Москва. Од 1963, кога и голем број поети од сите југословенски републики му се приклучија на фестивалот, се воспостави наградата „Браќа Миладиновци“, за најдобра поетска книга издадена во Република Македонија меѓу два фестивала. До 1966, СВП прерасна во интернационален поетски настан, и следствено, се воспостави интернационална поетска награда наречена „Златен венец“, која се доделува на светски познат жив поет за неговиот поетски опус или животно дело од областа на поезијата. Првиот добитник на оваа награда беше В.Х. Одн. Во 2004 СВП и UNESCO ја воспоставија наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска поетска книга од млад автор од целиот свет. И покрај огромните потешкотии и суровата реалност со која Фестивалот мораше да живее (распадот на Југославија, војната во Босна, косовската криза, судирите во Македонија, терористичката криза по нападите од 11 септември во Њујорк, бројни политички и економски ембарга наметнати во регионот), Фестивалот успеа да се одржи и моментално е најстариот фестивал во светот кој континуирано се одржува 45 години. Фестивалот има канцеларии во Струга и во Скопје (директор, извршен и технички секретар) и се организира од страна на фестивалскиот одбор, кој се состои од видни професионалци од областа на поезијата (поети, критичари, преведувачи и професори по компаративна книжевност и култура). Оваа година СВП ја почести кубанската поетеса Нанси Морехон со „Златниот венец“, а претставување ќе има и современата карипска поезија. Меѓу другите настани СВП вклучува и Преведувачка работилница, која оваа година ќе се одржи по четврти пат. Работилницата почнува една седмица пред Фестивалот и се фокусира на поезијата на еден значаен македонски автор или на годинешниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ (резултатите од Работилницата се претставуваат на вечерта посветена на добитникот). Меѓу најатрактивните поетски настани се читањето „Меридијани„ на отворањето на фестивалот, и читањето „Мостови„ на затворањето на фестивалот. Во склоп на СВП се одржуваат и два мултимедијални настани наречени „Ноќи без интерпункција“, со што Фестивалот се отвора за нови, експериментални форми на поетска презентација, кои вклучуваат и други уметности (музика, видео, итн.). Секоја година, фестивалот организира и симпозиум на различни теми. Темата на годишнашниот симпозиум е „Песна / Слика“ и се надеваме дека ќе го привлече вниманието на бројни литературни експерти од регионот и од светот. Секоја година фестивалот издава серија книги со цел да ја промовира поезијата од странски автори на македонската читачка публика, како и тематски антологии на современа македонска поезија во англиски превод, наменети за читателите во странство. Едицијата „Плејади“ опфаќа седум познати поети од светот. Минатата година поетите застапени во едицијата „Плејади“ беа: Шунтаро Таникава (Јапонија), Брејтен Брејтенбах (Јужна Африка), Лез Мари (Австралија), Рита Дав (САД), Лионел Ре (Франција) и Тарек Елтајеб (Судан). Антологиите на македонската современа поезија опфаќаат поети од сите етнички заедници во Македонија, издадени на нивниот мајчин јазик како и на македонски. Струшките вечери на поезијата имаат воспоставено и Меѓународна поетска библиотека. Таа содржи книги од сите учесници на Фестивалот. Исто така, Меѓународната поетска архива на Фестивалот содржи значајни материјали (книги, ракописи, фотографии, филмови, итн.) достапни на секој книжевен истражувач или вљубеник во поезијата. Дирекцијата и Управниот одбор веруваат дека фестивалот ќе продолжи да ги развива своите содржини и покрај периодот на транзиција во регионот и дека ќе продолжи да ја негува долгата традиција на обединување на светот низ поетскиот збор.

ОХРИД НИЗ ВЕКОВИТЕ

ОХРИД НИЗ ВЕКОВИТЕ
За прв пат, Охрид се споменува уште во третиот век пред новата ера, што сведочи за неговата богата и плодна историја. Минувале годините, минувале вековите, а Охрид се развил во еден од најубавите градови во Македонија, на Балканот и воопшто во светот. Неговото прво име било Лихнидос, а езерото било наречено Лихнидско, во превод „ Бело езеро“. Уште св. Наум во своите записи оставил податоци за неговиот манастир кој го подигнал на прекрасното Бело езеро. Покасно кога римјаните завладеале со овие простори, Охрид, тогаш Лихнидос, станал еден од главните градови на најпознатиот римски пат „Вија Егнатиа“ и главен град на областа Нов Епир. Кон крајот на деветтиот век Охрид станува центар на ширењето на христијанството меѓу словените. Тоа е причина за доаѓањето на учениците на св. Кирил и Методиј- св. Климент и Наум во Охрид како духовно средиште на Балканот. Покасно тука се подигнати голем број значајни цркви кои и денес го красат Охрид како што се св. Софија и св. Богородица Перивлепти. Охрид станува и престолнина на цар Самуил(976- 1014). Како што вели легендата, Охрид тогаш и го добива своето сегашно име. Имено кога се градела Самуиловата тврдина , која се наоѓа високо на ридот попознат како кале, војниците кои ја граделе морале да влечат тешки камења од поднижјето нагоре по ридот, па носејќи викале „ ОХ РИДЕ“ и оттука доаѓа сегашното име на градот- Охрид. За време на Самуиловото владеење Охрид од епископија преминува во патријаршија. Средновековниот град бил мошне добро заштитен со осумнаесетте кули и четирите порти кои го заштитувале од сите страни и тврдината која се наоѓала на самиот врв.

Градот има многу битно минато. Кон крајот на 11 век, го претрпел нападот на норманите од Италија, а потоа потпаднал под Бугарска па повторно под Византиска власт. Во средината на 12 век бил мошне познат како трговски центар, а во 13 век ја имал и трговската колонија Армена. Подоцна со Охрид владее близок роднина на крал Марко. По неговата смрт Охрид потпаѓа под Турска власт. Првите неколку децении под Турска власт Охрид не претрпел значајни тероризирања, но подоцна тие се зачестиле и му нанеле тешки последици на градот и населението. Подоцна потпаднал под Српска па повторно под Бугарска власт. Во втората светска војна бил приклучен кон квинслинската албанска држава, за подоцна да биде ослободен од Македонските партизани и приклучен кон социјалистичка Југославија конкоја останува се до 1991 година кога Македонија станува независна држава, а Охрид се враќа таму каде што припаѓа.